За нас

Формирање

ХЕМОПО ДООЕЛ е формиран во февруари 2018 година, како резултат на повеќегодишна работа врз формулацијата на иновативниот производот Vitrum Guard. Формирана е како старт-ап компанија при Природно-математичкиот факултет во Скопје од страна на проф. д-р Владимир Ивановски, чија што научна работа опфаќа и изучување на хемиската модификација на материјали и нивното испитување со помош на инфрацрвената и Раманска спектроскопија https://ih.pmf.ukim.edu.mk/teachers/view/117

Мотив

Мотивот за формирање на компанијата примена на науката во нешто што е општокорисно и прифатливо. На таков начин мисијата на оваа компанија е да развиваат домашни производи, базирани на сопствени научни достигнувања и пронајдоци, а со цел олеснување на секојдневието на граѓаните.