Производи

Vitrum Guard

Својства: eдноставно се нанесува, долготрајно дејство, хидрофобни својства („ја одбива водата“), заштита на стаклената површина со тоа што третираната површина лесно се чисти дури и со вода, антистатички својства.

Начин на употреба: површината пред третирањето да е чиста и сува. Течноста се напрскува и се размачкува рамномерно по површинатa со помош на најлонска ракавица или крпа. Се остава да се исуши! Третираната површина убаво се брише со мокра, а потоа со сува крпа или хартија. За подобар ефект постапката се повторува

Се употребува кај: автомобили, прозорски стакла, стаклени паравани кај туш кабини, витрини, маси, итн

Пакување: прскалка 500 mL.


Vitrum Guard Anti-Fog
Средство против замаглување на стаклени површини

Својства: едноставно нанесување, го прави третираното стакло отпорно на замаглување, долготраен ефект.

Важно – треба да избегнува контакт на третираното стакло со вода (нанесеното средство се раствора во вода).

Начин на нанесување:
Прозорски стакла и огледала
Убаво се напрскува од средството врз крпа или хартија, со кои се премачкува стаклото и се остава да се исуши. После сушењето стаклото се полира со сува крпа или хартија. Доколку стаклото продолжува да заматува и после третманот, направете ја постапката препорачана за автомобилско стакло.

Автомобилско стакло
Директно се напрскува стаклото од внатрешната страна. Се размачкува со крпа или хартија и се остава вишокот течност да се исуши врз стаклото. Сувиот остаток убаво се полира со сува крпа.

За вистински ефект постапката се повторува најмалку уште еднаш.

Се употребува кај: Прозорски стакла или стаклени преградни ѕидови (кафулиња, излози на продавници) од внатрешната страна, огледала во бања, како и внатрешна страна на автомобилски стакла.

Пакување: Прскалка 500 mL

_________________________________________________

Vitrum Guard Auto

Средство за ВОСОК ЕФЕКТ кај автомобилско стакло

КОНЦЕНТРАТ

лето + зима

Начин на употреба:

Целосно се додава содржината во min 1 до max 2 L средство за чистење автомобилско стакло  или дејонизирана вода. Нормално е да дојде до слабо заматување при додавање. При возење се распрскува врз ветробранското стакло, и се поминува со бришачите, при што доаѓа истовремено до чистење и модификација на површината на стаклото. Да се користи исклучиво во разредена форма! 

Ефект од употребата: ветробранското стакло станува хидрофобно и капките вода (во случај на дожд) се лизгаат долж стаклото, посебно при повисоки брзини. Исто така, стаклото станува поедноставно за чистење од инсекти и нечистотии.

Се употребува кај: автомобилски стакла, со претходно разредување (опишано погоре) и додавање во резервоарот за средство за чистење на стаклото. Водете сметка дека во зимскиот период исклучиво се додава кон средство за чистење стакло предвидено за тој период од годината!

Пакување: пластично шише од 100 mL